Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

ИСТРАЖУВАЧКИ ИЗВЕШТАЈ:БАРОМЕТАР ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ

w

Истражувачки извештај:Барометар за еднакви можности

86 pages, pdf
 Download Back

 

Истражувачки извештај:Барометар за еднакви можности


Publisher: Македонски центар за меѓународна соработка-МЦМС, Македонија

Date: 2009

Volume: 86 pages, pdf


Description

За да го олесни промовирањето и практична примена на законската регулатива против дискриминацијата, Европската Унија ја прогласила 2007 година за „Европска година на еднакви можности за сите“. Целта на Европската година била да се запознаат граѓаните на земјите членки на Унијата со нивните права, да се промовира почитување на разликите и да се промовира еднаквост на можностите за сите во Европската Унија.
Пред да започнe Европската година на еднакви можности за сите, во летото 2006 година, Европската комисија спровела истражување со кое ги утврдила перцепциите, ставовите, познавањата и свесноста за дискриминацијата и нееднаквоста во Европската Унија. Истражувањето е повторено во зимата 2008 (по завршувањето на Европската година), кога се констатирани промените што настанале како резултат на активностите преземени во текот на претходната промотивна година. Резултатите од ова истражување се објавени во Специјалниот Евробарометар 296, под наслов „Дискриминацијата во Европската Унија: Перцепции, искуства и ставови“.