Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР КАКО ЕТИЧКИ КОРЕКТИВ НА ОПШТЕСТВОТО ...

w

Невладиниот сектор како етички коректив на општеството или за механизмите на етичкото дејствување на невладините организации

180 pages, pdf
 Download Back

 

Невладиниот сектор како етички коректив на општеството или за
механизмите на етичкото дејствување на невладините организации
 
 
Publisher: Македонски центар за меѓународна соработка-МЦМС, Македонија
 
Date: 2008
 
Volume: 180 pages, pdf
 

Description
 
Она што ни го донесе крајот на претходниот милениум-распаѓање на одредени идеолошки системи и економии втемелени во нив, на почетокот на овој не воведе во една сосема нова епоха, која, за жал, се уште ги влече неразрешените состојби од претходниот век. Денес на сите полиња имаме голем напредок, особено техничко-технолошки. Таа е пред се ера на науката, ера на информацијата, постиндустриска ера и ера на глобализација која не води сметка за вредносното етичко наследство. Како последица од ова, живееме во епоха во која се отворија многу комплексни проблеми на човековата опстојба кои бараат итно разрешување на нов етички втемелен начин. Станува збор за низа несакани последици во развојот, од човековото невнимателно дејствување, од негрижливиот однос кон се што постои. Така современата цивилизација, и покрај технолошко-техничките достигања речиси на сите полиња, сепак се наоѓа во криза.