Универзитетот го обезбедува единството во вршењето и во развојот на високото образование, науката и на уметноста, како и во стручноста, и, непосредно и преку своите единици од различни студиски подрачја, пренесува сознанија од повеќе научни, односно уметнички подрачја и дисциплини. Како највисока автономна високообразовна, научна и уметничка установа, Универзитетот треба да ги промовира и применува принципите на еднакви можности и на недискриминација во своите политики и во спроведувањето на активностите.