Истражување за очекувањата на младите во Република Македонија
Истражувањето за очекувањата на младите претставува еден од првите проекти од овој карактер кој во целост ги опфаќа перцепциите на младите во Република Македонија во однос на виталните социоекономски, внатрешно и надворешнополитички прашања, како и прашања од сферите на образованието, миграциите, човековите права итн. Истражувањето е реализирано од страна на Фридрих Еберт Македонија, а спроведено во партнерство со Институтот за Демократија “Societas Civilis” Скопје. Истражувањето се состои од два дела: испитување на јавното мислење кај младата популација и анализа на податоците врз база на добиените резултати. ИОМ беше спроведено во периодот aприл-jуни 2006 година на национално ниво.