Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

ПАТОТ ДО ЕФЕКТИВНА ПОДДРШКА НА ЗАЕДНИЦАТА – ВОДИЧ ЗА КО...

w

Патот до Ефективна Поддршка на Заедницата – Водич за Корпоративна Филантропија

60 pages, pdf
 Download Back


 

Патот до Ефективна Поддршка на Заедницата – Водич за Корпоративна Филантропија

 





Publisher: Konekt (Macedonia)


Date: 2010


Volume: 60 pages, pdf


Description


Во долгиот период на транзиција на нашата економија, а особено во последните неколку години, беа издадени бројни книги и прирачници, кои на нашите деловни луѓе им овозможија да се запознаат со најновите искуства и сознанија на разни теми од полето на менаџментот. Сепак, на полето на Општествената одговорност на претпријатијата, а особено во доменот на Корпоративната филантропија, како нејзин значаен дел, не можеме да констатираме забележителна издавачка активност. Резултатите од таквиот недостиг се видливи: нашите менаџери имаат потреба од публикации и стручни материјали од кои ќе можат да го увидат значењето на филантропијата и да ги разбијат предрасудите кои постојат. Од овој прирачник читателот ќе извлече бројни заклучоци: Пред сè, дека корпоративната филантропија е во интерес на деловниот успех и профитот, а не трошок кој е штетен за сопствениците. Исто така, се заклучува и дека филантропските активности, ако се стихијни и по случаен избор, без соодветни ресурси кои ќе ги реализираат, можат да бидат голем товар за претпријатието. Токму затоа, се потенцира незаменливата улога на невладините организации, како Конект, кои треба да се јават во улога на посредник и олеснувач на процесот: тие ги имаат потребните знаења и ресурси кои за фирмата би биле неоправдан трошок.