Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

ВОДИЧ ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ООП КАЈ МАЛИ И СРЕ...

w

Водич за Подготовка на Стратегија за ООП кај Мали и Средни Претпријатија

80 pages, pdf
 Download Back


Водич за Подготовка на Стратегија за ООП кај Мали и Средни Претпријатија




Publisher: Konekt (Macedonia)


Date: November, 2012


Volume: 80 pages, pdf


Description


Водичот за изготвување на стратегија за општествена одговорност на претпријатијата (ООП) е наменет за малите и средни претпријатија (МСП) во Република Македонија, иако содржината во него е применлива и за претпријатија од други контексти. Целта на водичот е да ги поттикне МСП стратешки да ги осмислуваат своите практики во доменот на ООП и притоа им нуди практични насоки како тоа да го реализираат. Водичот е изготвен врз база на методологија развиена од Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО) наречена РЕАП (Responsible Entrepreneurs Achievement Programme). РЕАП е програма којашто е специјално дизајнирана да им помогне на претприемачите да имплементираат ООП во своите компании. Притоа, таа е прилагодена на секојдневните потреби и предизвици со коишто се соочуваат малите и средни претпријатија во водењето бизнис. Во водичот е даден приказ на аспектите од секојдневното работење на едно претпријатие коишто се воедно релевантни и за доменот на ООП. Даден е увид во нивното влијание во глобални рамки, но и на ниво на едно претпријатие. На крајот, опишан е процесот за утврдување на приоритетните области за ООП за претпријатието. како и процесот на планирање и спроведување на конкретни мерки за нивно адресирање. Покрај теоретскиот дел, во водичот се вклопени и конкретни примери од МСП коишто ја спровеле предложената методологија. Се надеваме дека тие ќе ги инспирираат и претпријатијата во Македонија да гледаат на ООП како на дел од нивната бизнис стратегија којашто ќе им овозможи долгорочен раст и стабилност.