Мониторинг и евалуација на владеењето на правото во Република Македонија
Publisher: EPI
Volume: 6 pages, pdf
Description:
Минатата година остана обележана од политичката криза предизвикана од незаконското пресретнување на комуникациите на функционери од висок ранг. Не дојде до пробив за повторно воспоставување на владеењето на правото, и покрај притисокот од граѓанскиот сектор - и неформалниот и формалниот. Протестите на граѓаните - „Шарената револуција“ - што беа најинтензивни во пролетта 2016 се поретки по Пржино и во исчекување на предвремените парламентарни избори. Фокусот врз партиските пазарења во тек на процесот на преговарање за Пржино, иако обезбеди непопречена работа на Собранието, дополнително наштети на процесот на донесување на одлуките.