РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРИФАЌАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ НОРМИ – ИНЕРЦИЈА ВО ЛИМБО
Publisher: EPI
Volume: 35 pages, pdf
Description:
Предмет на анализата е овогодишната ревизија на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, како индикатор за пристапот на Република Македонија кон прифаќањето на нормите на ЕУ. Резултатите покажуваат дека при целосно неизвесна перспектива за членство, особено по блокадата на Грција на почетокот на преговорите, влијанието на ЕУ е мало, а трансферот на нејзините норми значително забавен. Конвергенција со нормите на ЕУ се постигнува само за прашањата кои се идентификуваат во владините политички преференци.