Администрацијата во огледалото на европската рамка за процена
Publisher: EPI
Volume: 52 pages, pdf
Description:
Заедничката рамка за процена (во понатамошниот текст: ЗРП) е Европска алатка за упавување со квалитет во јавната администрација. Таа произлегува од моделот на Европската фондација за управување со квалитетот и на Институтот Спејер од Германија. ЗРП е лесна за користење, бесплатна алатка за самопроцена на јавниот сектор, која може да им помогне на јавните администрации во ЕУ да ги разберат и да ги применат современите техники на управување. Во 2011 година, кога се прослави 10-годишнината од воведувањето на овој модел, беше регистриран нејзиниот 2000-ти корисник. И покрај многубројните придобивки, кои може да ги има ЗРП за подобрување на функционирањето и ефикасноста на Европскиот јавен сектор, како и фактот дека Македонија се обврза дека ќе го користи ЗРП како модел за процена, ЗРП многу малку се користи во македонската јавна администрација.