Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

ИСТА ПРЕПОРАКА, НОВА ПОРАКА

w

ИСТА ПРЕПОРАКА, НОВА ПОРАКА

12 pages, pdf
 Download Back

 ИСТА ПРЕПОРАКА, НОВА ПОРАКА

 

Publisher: EPI

 

Volume: 12 pages, pdf

 

Description:

Овогодишниот извештај и пораките на Европската комисија предизвикаа сосема спротивни реакции во Република Македонија од минатогодишните. Доминираат оценките за „позитивен извештај“ и се поздравуваат напорите на Комисијата. Владата ја искористи приликата да го оцени овој извештај како „најпозитивен досега“. Сликата е многу различна од пред една година, кога комесарот Филе беше директно критикуван дека со Извештајот се врши притисок врз Македонија за спорот со името со Грција, а Владата ги отфрли како „пренагласени“ забелешките за судството, јавната администрација, борбата против корупцијата, слободата на изразување.1 За силна (и за ова прашање едногласна) реакција тогаш придонесе отсуството на придавката „македонски“ во Извештајот. Секако дека враќањето на придавката „македонски“ оваа година (па макар и на само две места, за означување на институции) не е единствената причина за повисок степен на прифатливост на Извештајот.