Зајакнување на парламентарната контрола врз користењето на ЕУ фондовите во Република Македонија
Publisher: EPI
Volume: 18 pages, pdf
Description:
Пред воведувањето на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), од 1992-2006 г., ЕУ даде помош на Македонија од околу 800 милиони евра, главно преку Програмите ФАРЕ и ИПА. Со воведувањето на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во 2007 година, Република Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ се стекна со пристап до 622,5 милиони евра во периодот од 2007- 20131. Според последниот Годишен извештај на ЕК за спроведување на финансиска помош за проширување за 2011 година, објавен во декември 20122, година, Македонија имаше најниско ниво на спроведување на ИПА фондовите за периодот од 2007-2011 во однос на 3 од 5 ИПА компоненти (исплатено 27,9% од доделените фондови за Компонента I, 24.7% за Компонента III, 28,7% за Компонента IV)3. Стратегијата на ЕУ за проширување од 2011 година ги повикува земјите кандидати да ги реорганизираат активностите и да го подобрат извршувањето со фокус кон „клучните области на реформската агенда на земјите корисници со користење на ИПА фондовите4.“