Збирка на документи за јавна политика
Publisher: EPI
Volume: 185 pages, pdf
Description:
Анализата за вклученоста на граѓаните и граѓанските организации во процесот на креирање, одлучување и спроведување на политики може да ни даде поцелосна слика за легитимитетот на демократските процеси во Република Македонија. Преку учество на граѓаните во процесот на креирање, одлучување и спроведување на политики, покрај тоа што се зголемува одговорноста, транспаретноста и отчетноста на институциите, се зголемува и довербата на граѓаните во државата преку подобрување на квалитетот на политиките, а со тоа се намалува и демократскиот дефицит кој што е препознаен во бројни домашни и странски анализи. Исто така, на овој начин граѓаните имаат можност и директно да влијаат на решавањето на проблемите кои ги засегаат, на национално и на локално ниво.