|
ЕКОНОМСКИ ПРИДОБИВКИ И ПРЕДИЗВИЦИ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО
26 страни, пдф
Download
Back
|
ЕКОНОМСКИ ПРИДОБИВКИ И ПРЕДИЗВИЦИ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО
Издавач: Институт за европска политика- Скопје
Обем: 30 страни, пдф
Опис
Пристапувањето кон НАТО е едно од најактуелните политички прашања во Македонија во последната годинa. Иако тоа е прашање за кое одамна постои национален консензус, 1 во овој период, поради изминатиот референдум и спорот со името со Грција,2 членството во НАТО често е предмет на несогласувања и шпекулации во јавноста. Освен геополитичките и безбедносните аспекти, како застапниците, така и противниците на влезот во Алијансата често ги коментираат и потенцијалните економски последици. Дилемите за тоа колку дополнителни буџетски средства ќе треба да се издвојуваат за одбрана при евентуалниот влез во НАТО и што како потенцијална земја-членка би добиле на економски план се важни прашања кои треба темелно да се анализираат, а одговорите од нив да придонесат кон зајакнување на граѓанската дебата за НАТО заснована на јасни и проверливи податоци. Македонија во јули 2018 година доби официјална покана3 за почнување преговори за членство во Алијансата под услов да ја имплементира Преспанската спогодба за спорот со името.4 Во ова истражување, пред сè, ќе бидат анализирани потенцијалните буџетски давачки за одбрана на Македонија при членство во НАТО. Дополнително, истражувањето ќе направи осврт на неколку значајни економски индикатори за Бугарија, Хрватска, Албанија, Црна Гора и Романија – земји од регионот што се членки на НАТО, кои спаѓаат во групата на средноразвиени земји и се споредливи со Македонија според своите политички и економски карактеристики. Споредбата ќе се одвива преку анализирање на следните индикатори за петгодишниот период пред и по влезот во НАТО за секоја од разгледуваните земји: бруто домашен производ, нето влезни странски директни инвестиции, стапка на невработеност, како и глобалниот индекс на конкурентност, што е показател за развиеноста на приватниот сектор. Унифицираноста и континуитетот во статистичките податоци ќе се обезбеди преку користење на базата на податоци на Светската банка и извештаите за глобалниот индекс на конкурентност, што секоја година ги изготвува Светскиот економски форум. Врз основа на наодите од компаративната анализа, ќе се изведат заклучоци за реалните очекувања за економијата во Македонија при евентуалниот влез во НАТО. Како извор на примарни податоци, спроведени се три интервјуа за конкретното тесно прашање со експерти од академската заедница, бизнис-секторот и извршната власт со цел да се утврдат нивните ставови и очекувања за економските последици од потенцијалниот влез на Македонија во НАТО. Во третото поглавје на овој труд се анализира промената на нивото на доброто владеење во петте години пред и по влезот во НАТО преку анализирање на индикаторите на Светска банка за добро владеење за Албанија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Романија и Македонија и се прави преглед на постојната литература за економските ефекти од доброто владеење.