Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

БЕЗБЕДНОСНИ ПОЛИТИКИ И КОНЦЕПТИ

w

Безбедносни политики и концепти

569 страни, пдф
 Download Back

 

Безбедносни политики и концепти

Издавач: Фондација Конрад Аденауер во Република Македонија Факултет за безбедност – Скопје, Универзитет „Св.Климент Охридски” - Битола

Обем: 569 страни, пдф

Опис

Безбедноста како концепт е предуслов за постоење на живот ‒ индивидуален и социетален и се однесува на отсуство од закани и заштита од нив. Сфаќањето на безбедноста како вроден интерес на секоја индивидуа и на пошироките човечки колективитети ‒ фамилија, општество, нација, држава, меѓународен систем, укажува на потребата од проширување на концептот на безбедноста кон овие колективитети. Оттука, во теоријата се обликуваат концепти како национална и меѓународна безбедност и, во поново време, индивидуална, социетална и глобална безбедност, што укажува на значајно ширење на нови димензии на безбедноста. Безбедносната политика претставува многу сложена дејност и тешко е да се определи која политика е успешна а која не. Од мноштвото фактори кои влијаат врз успешноста на водењето безбедносна политика, на прво место би требало да се стават оние кои се однесуваат на објективното детектирање на безбедносните појави, меѓусебната соработка и координација на безбедносните институции. Оние кои се одговорни, надлежни и должни да водат безбедносна политика треба навремено и објективно да располагаат со безбедносни сознанија. Тоа ќе им овозможи да прават реална безбедносна проценка, да ја утврдуваат безбедносната состојба и да можат да предвидуваат идни безбедносни настани.