Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: П...

w

ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ПО НЕУСПЕХОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ 2008

140 страни, пдф
 Download Back

  

ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРОБЛЕМИ, ПРЕДИЗВИЦИ И ПОЛИТИЧКА РЕАЛНОСТ ПО НЕУСПЕХОТ НА САМИТОТ НА НАТО ВО БУКУРЕШТ 2008

Издавач: Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово

Обем: 140 страни, пдф

Опис

Во рамките на Центарот за истражување при факултетот за Јавна Админисрација и политички науки на ЈИЕУ, е реализиран проектот “Евро-атлантските перспективи РМ: проблеми, предизвици и политичка реалност по неуспехот на самитот на НАТО во Букурешт 2008” (Истражување на актуелната политика и мислењето на граѓаните). По реализираното истражување на терен за мислењето на граѓаните (Јануари-Април 2009), беше организирана Научна Конференција (2 Мај 2009), каде учесниците со свои научни трудови третирале значајни теми кои се однесуваат на евро-атлантските перспективи на земјата. На оваа Конференција се разменети многу мислења околу прашањето за кое е напаравено истражувањето, коментирани се резултатите од анкетата и е направена една богата дискусија при што се констатирано дека: - резултатите од анкетата се загрижуваЧки: постојат големи разлики во мислењата на албанската заедница наспроти македонците околу прашањето за името и евро-интегративните процеси во услови кога делиме една заедниЧка иднина; - потребно е поактивно учество и вкулЧување на младите истражувачи и експерти во актуелните процеси на земјата: профизилација на кадровите во политичките партии; - отсуствува на добра волја на политиЧките субјекти за решавање на актуелните проблеми и зачленувањето во евроатланските сруктури, и отсуство на една критичка маса на население и одржлива во реализирањто на стратешките определби и интереси на земјата; - албанските политички субјекти се индиферентни во однос на спорот за името со Грција и дека треба да земаат поактивно учество при решавањето на оваа прашање, бидејќи тоа е прашање кое ги тангира сите граѓани подеднакво. Истражувачкиот проект третира една сеопфатна проблематика на надворешната политика на Македонија и внатрешните проблеми со кои се соочува државата. Потребата од едно сеопфатно истражување на оваа проблематика беше резултат на актуелните околности. Во овој проект се разгледани сериозни прашања за македонската држава, предизвиците и актуелните проблеми во евро-интеграционите процеси.