Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ И ЗАКАНИ - ТРЕТМАН, ФЕНОМЕНОЛОГИЈА И...

w

БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ И ЗАКАНИ - ТРЕТМАН, ФЕНОМЕНОЛОГИЈА И МАПИРАЊЕ

79 страни, пдф
 Download Back

 

БЕЗБЕДНОСНИ РИЗИЦИ И ЗАКАНИ - ТРЕТМАН, ФЕНОМЕНОЛОГИЈА И МАПИРАЊЕ

Издавач: Фондација Конрад Аденауер во Република Северна Македонија Факултет за безбедност - Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски” – Битола

Обем: 79 страни, пдф

Опис

Овој ракопис произлегува од пилот проект за истражување од кој се презентирани дел од прелиминарните резултати кои се однесуваат на утврдување на безбедносните ризици со кои денес се соочуваат современото македонско општество и држава. Ова претставува вовед во градење на модел за подлабоко следење и мапирање на безбедносните ризици и закани од страна на Факултетот за безбедностСкопје кое авторите имаат за цел да го воспостават. Ракописот дава придонес кон веќе објавените публикации и истражувања на Факултетот за безбедност, меѓу кои Индексот за безбедност 1 и 2 во издание на Фондацијата Конрад Аденауер и Мислењето на граѓаните на безбедноста и безбедносните закани на Република Северна Македонија. Со цел да се зголеми бројот на објавени публикации од безбедноста, ризиците и закани, овој пат се одлучивме да извршиме прелиминарно истражување на безбедносните ризици во Република Северна Македонија: мапирање, етиологија, феноменологија и третман на безбедносни ризици. Инаку досега oд страна на Факултетот за безбедност пред четири години е реализирано научно истражување за мислењето на граѓаните за безбедносноста и безбедносните закани. Ракописот што е пред вас ќе направи негово надополнување и проверка на дел од безбедносните закани и ризици. Посебна цел на овој ракопис кој е во издание на Фондацијата Конрад Аденауер, е воспоставување методологија која ќе се однесува на појаснување на процесот на мапирање на посебните елементи на ризикот кои се однесуваат на податоци за идентификуваните опасности, изложеноста на потенцијалните елементи на загрозување, податоци за нивната ранливост, како и податоци за капацитетите (ресурсите) на системот за управување со кризи кои може да се употребуваат во функција на превенција и справување со потенцијалните ризици и надминување на предизвиканите последници. За прв пат во Република Северна Македонија процената на ризиците и закaните по националната безбедност беше јавно публикувана во Стратегијата за одбрана на Република Северна Македонија од 1998 година. Во овој документ се оперираше со термините опасности и извори на загрозување. Додека во Националната концепција за безбедност и одбрана од 2003 година се употребуваат поимите ризиците и заканите по националната безбедност. Карактеристично е што до објавувањето на овие стратегиски документи беа правени процени на заканите за потребите на одбраната, меѓутоа овие процени не беа изнесувани јавно. Потоа, Република Северна Македонија направи јавна процена на ризиците и заканите. Во законот за управување со кризи од 2004 година дадена е дефиниција на ,,ризиците и опасности“ по националната безбедност и поимот ,,загрозеност на безбедноста на Републиката“. Подетална процена на ризиците и заканите по националната безбедност е направена во Стратегискиот одбранбен преглед (СОП) во 2004 година.