Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО: ШАНСА ЗА ЗГОЛЕМЕНА НАДЗОРНА...

w

Северна Македонија во НАТО: шанса за зголемена надзорна улога на Собранието

16 страни, пдф
 Download Back

 

Северна Македонија во НАТО: шанса за зголемена надзорна улога на Собранието 

Издавач: Институт за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје

Обем: 16 страни, пдф

Опис

Неодамнешното членство на Северна Македонија во Северноатлантската договорна алијанса (НАТО) се очекува да означи зголемена активност во реформските процеси во областите на одбраната и безбедноста, одбранбените набавки во земјата и демократската контрола на одбранбениот и безбедносниот сектор. Иако членството во НАТО се очекува позитивно да влијае на државата на безбедносен и економски план,1 зголемената активност поврзана со полноправното членство во НАТО ќе означи поголеми буџетски трошења во чувствителни области, а со тоа и зголемен притисок од корупција.2 Дополнително, на среден рок, потенцијалните процеси на outsourcing, јавно приватното партнерство, офсет-аранжмани, позначајното учество во мисиите во странство може дополнително да ги зголемат ризиците од корупција.3 Оваа кратка студија на политика има три задачи. Прво, да ја исцрта релацијата помеѓу НАТО и борбата против корупцијата. Второ, да погледне во технологијата на процесот преку кој НАТО може да влијае врз зајакнување на надзорната улога на парламентите и нивната улога во борбата против корупцијата во три области: реформите во одбраната и безбедноста, јавните набавки и надзорот на одбранбениот и безбедносниот сектор во целина. На крај, да подвлече добри практики на зајакнување на улогата на парламентите во борбата против корупцијата и доброто управување.