Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

СУЗБИВАЊЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: КАКО СОБ...

w

Сузбивање дезинформации во Северна Македонија: како Собранието да одговори на предизвикот?

11 страни, пдф
 Download Back

 

Сузбивање дезинформации во Северна Македонија: како Собранието да одговори на предизвикот?

Издавач: The Centre for European Security Studies (CESS)

Обем: 11 страни, пдф

Опис

Кампањите со дезинформации сѐ почесто ѝ се закануваат на демократијата на светско ниво. Со пандемијата на Ковид-19 уште повеќе се зголеми заканата, зашто дезинформациите и манипулациите со јавното мислење навлегуваат во полето на јавното здравје. Во Северна Македонија, заложбите за адресирање на дезинформациите се ограничени на неколку иницијативи со политики што ги води Владата, како и неформалните иницијативи на локалните и на меѓународните невладини чинители, додека Собранието и поширокото општество се многу малку вклучени. Собранието во Северна Македонија во моментов има крајно ограничена улога во поглед на сузбивање дезинформации, а на оваа тема никогаш не е дебатирано во самото Собрание. Собранието е одговорно да бара отчетност од релевантните институции со тоа што ги остварува законодавните овластувања, го користи потенцијалот за меѓународна соработка и ја подига свесноста за негативните последици од дезинформациите, со што прашањето го поставува на национално ниво. Од суштинско значење е Собранието да заземе проактивен став за да го ограничи ширењето дезинформаци.