Анализа на процесот на креирање и имплементација на стратегиските документи од безбедноста и одбраната пред и по членството во Нато
Издавач: Звонко Мицов
Обем: 136 страни, пдф
Опис
Стратегиските документи од областа на безбедноста и одбраната се од големо значење за заштита и остварување на националните и одбранбените интереси на Република Северна Македонија. Нивниот квалитет, сеопфатноста и функционалноста се условени од процесот на креирање и имплементација. Процесот на креирање и имплементација треба да биде инклузивен и да овозможи јасно согледување на безбедносните предизвици, ризици и опасности, да ги дефинира националните интереси и безбедносните политики, како и да го дефинира системот и субјектите на национална безбедност. Обезбедувањето на реалните појдовни основи на кој ќе почива целиот процес, треба да биде приоритет на институциите. Позитивните и негативните искуствата од Процесот на креирање и имплементација на стратегиските документи од безбедноста и одбраната пред влезот во НАТО треба да бидат основа за побрзо и поквалитетно прилагодување кон НАТО одбранбениот планирачки процес во периодот на интеграција.