Основи на безбедноста
Издавач: проф. д-р Марјан Ѓуровски, Фондација Конрад Аденауер во Република Северна Македонија Универзитет “Св. Климет Охридски” - Битола
Обем: 231 страни, пдф
Опис
На крајот на 20 и почетокот на 21 век, под влијание на промените кои настанаа во меѓународните односи (глобализацијата и регионализацијата, демографските и еколошките проблеми), истражувањето на безбедноста беше проширено со концептите на индивидуалната, социеталната, регионалната, меѓународната, глобалната безбедност и др. Идентификувањето на суштината и природата на безбедноста претставува комплексен и мултидимензионален проблем и предизвик. Постои консензус дека безбедноста подразбира слобода од закани по основните вредности. Но, има несогласување дали главниот фокус на истражувањето треба да биде на индивидуалната, националната, меѓународната безбедност или на интегралната безбедност. Во периодот на студената војна беше доминантна идејата за националната безбедност, која, главно, беше дефинирана со воени термини.