Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

ЕФЕКТОТ НА ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ И СТРАНСКИТЕ ВЛИЈАНИЈА ВРЗ Д...

w

Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија

40 страни, пдф
 Download Back

 

 Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија

Издавач: Фондација  Метаморфозис

Обем: 40 страни, пдф

Опис

Во Северна Македонија и регионот на Западниот Балкан странското малигно влијание доаѓа во бранови, преку кампањи за дезинформации и зависи од политичката ситуација во регионот или во одредена земја од регионот. Иако во последните неколку години интензитетот и видот на оваа појава се разликуваше во зависност од прашањата и темите што потенцијално предизвикуваат поделба во дадениот момент, сепак во ниту еден момент таа не стивнуваше. Земјите од Западниот Балкан покажуваат значителни слабости во справувањето со штетните, недемократските и малигните странски влијанија. Заеднички особини на таквите влијанија вклучуваат: промовирање популизам и поттикнување пасивност, намалување на довербата во демократските институции и интегративните процеси, како и застапување лажни тврдења што ја поистоветуваат демократијата со авторитарни режими за да ги оправдаат нивните постапки и да ги прикажат како нормални и неизбежни. Важноста на ова истражување се забележува токму во укажувањето дека за разлика од минатото, кога дезинформациите поврзани со странски малигни влијанија беа практично табу тема во медиумите, свесноста кај граѓаните на Северна Македонија за проблемот е зголемена. Она што е најважно е дека истражувањето на Метаморфозис, спроведено на национално репрезентативен примерок, покажува дека над 83% од испитаниците се согласуваат со изјавата „Дезинформациите се многу штетни и мора да бидат санкционирани со закон“ (50,8% силно се согласуваат, а 32,3% главно се согласуваат). Исто така, 90,8% од испитаниците одговориле дека „Владата треба да преземе мерки за справување со дезинформациите во медиумите“.