Здружено за безбедност-Вовед во НАТО
Издавач: NATO Public Diplomacy Division
Обем: 36 страни, пдф
Опис
Во текот на своето постоење подолго од половина век, како Алијансата така и светот воопшто се развија на начин кој основачите на НАТО не можеа да го предвидат. Бидејќи стратешкото опкружување продолжува да се развива, темпото со кое се трансформира НАТО се забрзува. НАТО се осврнува на поширок спектар безбедносни предизвици споредено со минатото и мора да го заштити своето население како на домашен терен така и надвор. Заканите од типот на ширењето на оружјето за масовно уништување и тероризмот не знаат за граници, што значи дека НАТО мора да е подготвен да распореди и одржува сили на голема далечина, како во Авганистан. Истовремено ги развива потребните мерки и капацитети за да може да одговори на овие нови потреби и придонесува кон меѓународните напори за справување со овие предизвици. Иако природата на заканите со кои се соочуваат земјите-членки и начинот на кој НАТО се справува со нив се менуваат, основните начела на соработка во рамките на Алијансата се придржуваат на принципите на Вашингтонскиот договор. Принципот на колективна одбрана е суштината на основачкиот договор. Тој и натаму останува единствениот и важечки принцип кој ги обединува членките, задолжувајќи ги да се штитат меѓусебно.