Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

БЕЗБЕДНОСТ ПРЕКУ ПАРТНЕРСТВО

w

Безбедност преку партнерство

40 страни, пдф
 Download Back

 

 Безбедност преку партнерство

Издавач: NATO Public Diplomacy Division

 Обем: 40 страни, пдф

Опис

 

Оваа брошура има за цел да ги објасни основните принципи на кои се заснова Евроатлантското партнерство и неговите суштински механизми. Тоа понатаму се фокусира на пет клучни сфери на активности - безбедносен дијалог и соработка, операции за поддршка на мирот, реформи во одбраната, подготовка за елементарни непогоди, и соработка во областа на науката и животната средина - кои покажуваат како евроатлантската безбедност се зголемува преку партнерство и како соработката е од вистинска, практична релевантност за земјите-партнери. Партнерските активности може да имаат позитивно влијание врз реформата, врз развојот на демократските структури, и врз учеството на земјите-партнери во мултинационалната соработка како членки во пошироката меѓународна заедница. Невозможно е во една публикација да се опфати севкупниот спектар и нивото на активностите во рамките на кои земјите-партнери работат заедно со НАТО. Таквите активности содржат не само операции за поддршка на мирот на Балканот и во Авганистан коишто се добро медиумски покриени туку и соработката во многу други области како што се борбата против тероризмот, реформите во одбраната, економските аспекти на безбедноста, подготовката за елементарни непогоди, контролата на оружјето, логистиката, воздушната одбрана, управувањето со воздушниот простор, вооружувањето, образованието и обуката, науката и животната средина, и информативни програми. НАТО исто така развива посебни односи со две партнерски земји, Русија и Украина, и со седумте земји коишто се дел од Медитеранскиот дијалог. Понатаму, Алијансата истражува можности за соработка со земјите од поширокиот регион на Блискиот Исток преку иницијатива започната на Самитот во Истанбул во јуни 2004 г. Овие односи не се опфатени со оваа брошура, меѓутоа тековната и идната соработка со овие земји се гради врз бројните активности и механизми што се развиваат во рамките на Евроатлантското партнерство.