Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ И РОДОТ

w

Креирање на политиката за национална безбедност и родот

32 страни, пдф
 Download Back

 

Креирање на политиката за национална безбедност и родот

Издавач: Питер Албрехт и Карен Барнс, ОБСЕ (ОДИХР), (DCAF) и (УН-ИНСТРАВ)

 Обем: 32 страни, пдф

Опис

 

Како дел од Збирката алатки за родот и реформата на безбедносниот систем, оваа алатка дава вовед во користа и можностите за вклучување на родовите прашања во креирањето безбедносна политика на национално ниво1 . Како стратешки документи, безбедносните политики се од критична важност при воспоставувањето координиран одговор на безбедносните закани, и може да послужат како платформа за процесите за реформа на безбедносниот сектор (РБС). Ова вклучува политики за национална безбедност (ПНБ) како и посебни политики за секторите, како на пример бела книга за одбраната. Осигурувањрто дека родовите прашања се вклучени во безбедносните политики може да ги зголеми учеството и домашната сопственост, и да креира политики и институции за кои е поверојатно дека ефикасно и одржливо ќе пружаат безбедности правда за мажите, жените, девојчињата и момчињата на правична основа. Оваа алатка е осмислена за да биде извор за персоналот одговорен за иницирање на процесите за креирање безбедносни политики во извршната гранка на власта, вклучувајќи ги оние кои се одговорни за изготвување нацрт, спроведување и оценка на безбедносните политики. Згора на тоа, алаткава може да биде корисна за низа други актери инволвирани во процесите на креирање безбедносни политики, вклучувајќи ги пратениците, парламентарната служба, службите во министерствата, организациите на граѓанското општество, општинските власти, меѓународните и регионалните организации, и земјите – донатори кои го поддржуваат развојот на безбедносни политики.