|
Градење вредносен и безбедносен систем: услов за интеграција во Нато
202 страни, пдф
Download
Back
|
Градење вредносен и безбедносен систем: услов за интеграција во Нато
Издавач: Македонска академија на науките и уметностите, Центар за стратегиски истражувања ,,Ксенте Богоев''
Обем: 202 страни, пдф
Опис
Со потпишувањето и примената на договорите за добрососедство, пријателство и соработка и партнерство со Република Бугарија и Република Грција, Република Северна Македонија ги исполни сите последни услови по долгогодишните подготовки и успешно учество во партнерството со Северноатлантската алијанса за пристапување кон неа како 27. полноправна членка. Таквиот чин ја изразува цврстата определба на граѓаните на Република Северна Македонија, формирана и одржувана како нивна консензуално изразена волја во целиот период од прогласувањето на нејзината самостојност и независност, за приклучување кон светот на западните цивилизациски вредности, кон кои и според своето културно западномедитерантско наследство и според историските повици се стремеле и нивните предци. По потпишувањето и ратификацијата на протоколите за пристапување од државите-членки, финализација на овој исто риски чекор ќе претставува потпишувањето и ратификацијата од нашата држава на Вашингтонскиот североатлантски Договор од 4 април 1949 година, Договорот меѓу државите членки на северноатлантскиот договор од 1951 година и другите основни документи на Алијансата. Натамошната постапка на пристапување на нашата земја кон Алијансата не бара никакви дополнителни политички одлуки, посебно не организирање референдум, не само поради континуирано изразената општограѓанска поддршка, туку и затоа што тоа не е предвидено ни како уставна обврска на државата. Според Уставот на РСМ (чл. 120 ст. 2 и ст. 3), одлука за стапување во сојуз или заедница со други држави донесува Собранието со двотретинско мнозинство, но одлуката се смета за усвоена ако за неа на референдум гласало мнозинството од вкупниот број избирачи. „Влегувањето во сојуз или заедница“ и според нашата уставна теорија постои кога државата пристапува кон создавање поцврста форма на политички систем, во вид на федерација, конфедерација или друга политичка заедница, од типот на ЕУ, во која пренесува дел од својот суверенитет и државни функции на сојузот. Пристапувањето кон Северноатлантската алијанса, која има статус на меѓународна организација, не подразбира пренесување на кој било дел од државниот суверенитет врз заедничките институции, кои ги остваруваат заеднички договорените активности не врз принципите на ексклузивност на своите компетенции и субординациска надреденост, туку врз основа на заедничко одлучување, заемна соработка, координација и помош, при што секоја држава-членка ја задржува својата сувереност и компетенции во остварувањето на државните функции.