|
Kритична инфраструктура: концепт и безбедност
192 страни, пдф
Download
Back
|
Kритична инфраструктура: концепт и безбедност
Издавач: Фондација Фридрих Еберт, Канцеларија Скопје
Обем: 192 страни, пдф
Опис
При крајот на оваа година, кога НАТО прославува 70 години од постоењето, се очекува да биде завршен процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, со што и официјално ќе стане 30-тата земја-членка на Сојузот. Членството во НАТО, покрај безбедносните, но и економските и социјалните придобивки, значи и многу работа и обврски за сите: граѓани, институции и организации во Северна Македонија, владеење на правото, независно судство, развиен образовен и здравствен систем. Токму од таа причина, Фондацијата „Фридрих Еберт“ одлучи да даде свој придонес преку поддршка на одредени процеси кои би можеле да бидат корисни за земјата и политиките во следните фази на интегрирање во НАТО. Темата на заштита на критичната инфраструктура беше иницирана од групата на автори на оваа публикација, и преку инклузивен процес кој подразбираше јавна расправа и вклучување на ставовите на експертите по ова прашање, е издадена финалната верзија на материјалот за заштита на критичната инфраструктура. Во ваквите процеси, значајни се информациите и искуствата од поновите земји-членки, како Хрватска во случајов, во однос на нивниот процес на интегрирање во Алијансата и нивните искуства во однос на функционирање како полноправна членка на НАТО. Ваквата размена на искуства и добри практики ќе биде особено корисна сега, во финалната фаза на интеграцијата на нашата земја во НАТО, но и понатаму, во фазите на имплементација на политиките. Искрено се надеваме дека оваа публикација, која има за цел да ги претстави и образложи сите аспекти поврзани со заштитата на критичната инфраструктура и, воедно, да иницира активности за креирање на стратегија и носење на закон за заштита на критичната инфраструктура, ќе наиде на интерес кај експертската публика и ќе биде од особена корист за надлежните институции.