Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

ВЛИЈАНИЕТО НА ПРОЦЕСИТЕ НА ИНТЕГРАЦИЈА И ФРАГМЕНТАЦИЈА ...

w

Влијанието на процесите на интеграција и фрагментација врз мирот и стабилноста

125 страни, пдф
 Download Back

 

 Влијанието на процесите на интеграција и фрагментација врз мирот и стабилноста

Издавач: Дејан Белевски

Обем:  125 страни, пдф

Опис:

Трендот на глобалните движења ја промени сликата на современите држави, региони и светот во целина. Глобализацијата, како меѓусебно поврзување и интерактивна меѓузависност, на луѓе, држави и региони им донесе големи бенефити и предизвика позитивни ефекти, но постојат констатации дека глобализацијата не го прави светот рационален и побезбеден, туку нестабилен, неизвесен и опасен.

Ако се земе дека почетоците на глобализацијата се неколку века порано, (некои автори сметаат уште пред 500 години) и тоа во времето кога некои одделни народи пројавиле интерес за излез од својата локална средина, тогаш, може да се каже дека глобализација е процес, нешто што постоело и трае.

Голем број автори, како на пример Роналд Робертсон, Имануел Волерстеин, Ентони Гиденс, Урлих Бек, Дејвид Хелд, Мартин Елброу, Зигмунд Бауман, Малком Вотерс, Томас Фридман, Михаел Цирн, го анализирале значењето на глобализацијата од разни теориски аспекти и настојувале да ја објаснат нејзината комплексна мултидимензионална природа. Оттука, може да се заклучи дека се работи за повеќе динамични процеси кои се одвиваат како причина или последица на интерактивно меѓусебното поврзување во самата глобализација.

Токму затоа, се соочуваме со повеќе сфаќања за процесите на глобализацијата. Меѓу нив е и сфаќањето дека глобализацијата е нешто што на еден или на друг начин не засега сите нас. Тоа не е еден процес, туку комплекс од процеси. Тие процеси ги зафаќаат сите подрачја од општествениот живот. Испреплетени се со брзото ширење на трговските и финансиските пазари, инвестициите на мултинационалните компании, информатичко-комуникациските системи светски и локални, медиумите, туризмот, културата и др. Преку своите процеси, глобализацијата станува феномен со кој се сочуваат современите општества. Тие се претвораат во места каде далечината исчезнува, просторот се намалува, а националните белези имаат споредно значење во однос на глобалните карактеристики. 

Поради мултидимензионалната природа, глобализацијата е условена од бројни фактори кои јасно упатуваат на нејзиното значење и на промените кои се случуваат во светот. Денешниот свет го карактеризираат брзи и динамични промени кои со себе носат нови и често непредвидливи ризици и опасности по безбедноста на државите. Распаѓањето на биполарниот светски поредок доведе до појава на нови невоени закани и предизвици за државите кои се зголемија по интензитет, простор и време. Со цел државите да стекнат одредена општествена, економска и воена предност постапуваат на непредвидлив начин и во корист на новиот поредок, кој според неолибералната теорија е познат како глобализација.