|
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО BO НАТО И ОСТВАРЕНАТА КООРДИНАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНО НИВО
12 страни, пдф
Download
Back
|
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО BO НАТО И ОСТВАРЕНАТА КООРДИНАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНО НИВО
Издавач: Оливер Бакрески
Обем: 12 страни, пдф
Опис:
Република Македонија ja темели својата национална безбедносна политика врз сопствените можности и притоа своите погледи ги насочува кон пошироките европски безбедносни организации, пред cè кон НАТО. Одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет, како и стабилноста и безбедноста на регионот имаат фундаментално значење за нашите национални интереси. Република Македонија настојува да биде примена како полноправна членка на НАТО. Ваквата ориентација е повеќе од јасна, бидејќи Македонија е мала држава, со скромни и ограничени потенцијали, a ce наоѓа во средиштето на Балканот, кој е полн со неизвесности и голем број контроверзи.
Патот кон зачленувањето во НАТО е долготраен и макотрпен, со оглед на спротивставувањето на некои од државите кои тешко можат да ce помират со постоењето на Република Македонија како самостојна и суверена држава. Секако дека приемот во НАТО бара исполнување на определени критериуми кои е потребно да бидат во насока на определена доградба на сегашниот одбранбен систем и постигнување повисок степен на кооперативност и компатибилност со одбранбените системи на земјите членки на НАТО.
Со приемот во Партнерството за мир, Македонија го направи првиот чекор што води кон нашата интеграција во оваа структура.