|
Анализа на стратегиските концепти на НАТО
155 страни, пдф
Download
Back
|
Анализа на стратегиските концепти на НАТО
Издавач: Марија Митевска
Обем: 155 страни, пдф
Опис:
После завршувањето на Втората светска војна, довчерашните сојузници ce најдоа во нова, поинаква конфронтација. Со цел да извојуваат „победа“ во истата, тие започнаа да ce групираат во воено политички блокови. Така во 1949 година создаден е „Северноатлантскиот договор“ или НАТО Алијансата предводен од САД и останатите земји на капитал системот. Неколку години подоцна создаден е и „Варшавскиот договор“ предводен од тогашниот Советски сојуз и новите комунистички земји од Источна Европа. Ваквата поделеност ja дефинираше и тогашната стратегиска и безбедносна околина во која светот живееше во страв од можна директна воена конфронтација помеѓу супер силите (САД и СССР).
Присуството на 50 оклопни дивизии и два милиони војници на Варшавскиот пакт западно од Урал зборуваа многу погласно од стратегиските концепти на двете страни. Евентуалната воена конфронтација ќе резултираше со катаклизмички последици по човештвото. Благодарение на „здраворазумското“ размислување на водачите на супер силите, тоа не ce случи. Силите, предводиници на двата воено политички блокови избегнаа меѓусебна директна воена конфронтација. Меѓутоа, можноста од судир беше предмет на нивните безбедносни концепти и доктрини преку кои меѓусебно ce надмудруваа во сите полиња на дејствување, па и евентуалното војување. Таа напнатост официјално заврши во 1989 година со падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Западна со Источна Германија. Истото предизвика распад на Варшавскиот договор без ниту еден испукан куршум. Од оваа т.н. студена војна, НАТО излезе како победник.
Алијансата ja извојува победата, помеѓу другото, благодарение и на добро осмислените концептуални и доктринерни решенија произлезени како резултат на предизвиците од Студената војна. Имено, во текот на 4 Студената војна, НАТО со Вашингтонскиот договор од 1949 година го промовира и првиот Стратегиски концепт на Алијансата насловен како „Иницијална стратегија на детеренција и одбранбена специјализација“ („Initial Strategy of Deterrence and Defence Specialisation”) кој официјално беше во функција од 1949 до 1951 година. Потоа следуваа „Изградба на НАТО одбрана и колективна одбрана“ („NATO Defence Building and Collective Defence”) - 1951 - 1957година, „Стратегија на масовна одмазда“ („Strategy of Massive Retaliation”) - 1957 до 1967 година и „Стратегија на флексибилен одговор“ („Strategy of Flexible Response”) - 1967-1991 година.