|
Учеството на армијата на Република Македонија во мировни и хуманитарни мисии и придонесот за меѓународниот мир
252 страни, пдф
Download
Back
|
Учеството на армијата на Република Македонија во мировни и хуманитарни мисии и придонесот за меѓународниот мир
Издавач: Мухаедин Беља
Опис: 252 страни, пдф
Обем:
Стратегиски цели и приоритети на Владата на Република Македонија ce полноправното интегрирање во европските и евроатлантските структури. Односно, од самиот почеток на осамостојувањето, Република Македонија одлучи својата иднина да ja гради како полноправен член на западноевропските интегративни процеси, односно да стане полноправна членка на НАТО и на ЕУ. Ваквата политичка и стратешка одлука на Република Македонија ќе биде водилка во процесот на изградбата на државните институции и спроведувањето на реформите во сите сегменти на општеството вклучително и во одбраната.
Република Македонија веднаш по осамостојувањето ce соочи со низа факгори кои имаа силно влијание врз нејзината политичка определба и безбедност. Со донесувањето на Уставот во 1991 година, Република Македонија ce конституира како суверена и демократска држава, во која суверенитетот и територијалниот интегритет ce неделиви и неотуѓиви, и доби уставно - правен легитимитет за извршување на своите функции вкпучително и организирање на свој систем за одбрана со своја армија.
Оттогаш, Република Македонија континуирано работи на организирање, развивање и опремување на сопствен и респективен одбранбено систем со примарна цел да го штити територијалниот интегритет и суверенитет, способен за одвраќање на агресија, превентивно да делува и да ги отстранува сите видови на загрозувања по безбедноста на државата. Додека секундарна цел на системот за одбрана, односно на Армијата на Република Македонија е да придонесува во одржувањето и заштитата на меѓународниот мир и безбедност како одговорен член на меѓународната заедница во која припаѓа и Република Македонија.
Во таа насока, Република Македонија ce одлучи за изградба на современ одбранбен систем поддржан со соодветна инфраструкгура и мала, мобилна, високо професионална, одбранбено ориентирана, армија способна и подготвена да обезбеди реално одвраќање на агресорот(ите).