Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ И НИВНИТЕ ЕВРО-АТЛАНТСКИ ИНТЕГРАЦИИ

w

Балканските држави и нивните евро-атлантски интеграции

172 страни, пдф
 Download Back

 

Балканските држави и нивните евро-атлантски интеграции

Издавач: Оливер Илијев

Обем: 172 страни, пдф

Опис:

Обединета Европа некогаш претставуваше идеја за која што сонуваа филозофите и визионерите. Виктор Иго (наречен барон на писателите) во средината на XIX век бил инспириран од хуманистичките идеали и замислуваше мирни „Обединети држави на Европа” . Неговиот сон го разбија две светски војни кои што беснееја на континентот каде што голем број на човечки животи беа изгубени, a многумина останаа без своите родни живеалишта. 

Но, од урнатините и пепелта од Втората светска војна ce роди надеж дека лошто минато ќе ce заборави. Луѓето кои што за време на Втората светска војна му ce спротивставуваа на тоталитаризмот, беа одлучни да стават крај на омразата и ривалството во Европа, со цел да изградат траен мир меѓу поранешните непријатели. Но, повторно Европа беше поделена. По три месеци од завршувањето на Втората светска војна, на конференцијата одржана во Потсдам, Советите ги прекрпшле демократските права во државите кои пгго потпаднале под нивна свера на влијание и наметнале своја форма и уредување. Советскиот лидер Сталин бил против тоа некој да ce меша во уредувањето на државите од Источна Европа, каде што била извршена советизација, a со тоа Советите станале хегемон држава во Европа. Соединетите Американски Држави биле единствената држава која што можела да ja сопре советската хегемонија, која што започнала рапидно да ce пшри насекаде низ Европа, a имала за цел да ja наметне својата форма на власт (социјализмот) во државите од Западна Европа, особено во Италија и Франција каде што зајакнало социјалистичкото движење. За да го наметнат своето влијание Соединетите Американски Држави врз поголемиот дел од државите во Европа, ce стремеле да ja зајакнат нивната економија, која што доживеала крах по Втората светска војна, и го спровела „Маршаловиот план” , со што Соединетите Американски Држави одвоиле 16.4 милијарди долари од кои што 3.2 милијарди завршиле во возобновувањето на индустријализацијата во Западна Германија. Како реплика на Маршаловиот план Советите го спроведуваат „Молотов план”, за помош на пропаднатото стопанство на државите на народната демократија т.е. сателити на Советскиот Сојуз и го формираат СЕВ (совет на взаемна економска помош).