Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

УЛОГАТА И РАСПРОСТРАНЕТОСТА НА ВОЕНАТА МОЌ ВО УСЛОВИ НА...

w

Улогата и распространетоста на воената моќ во услови на современите глобализациски процеси

112 страни, пдф
 Download Back

 

Улогата и распространетоста на воената моќ во услови на современите глобализациски процеси

Издавач: Милан Лакоски

Обем: 112 страни, пдф

Опис:

Причините за војна и конфликт во денешно време на глобализираност се помногубројни и поизразени за разлика од минатото каде што војните беа претежно поврзани за територии и меѓуетнички разлики. Но,војните во 21-от век се разликуваат во многу нешта. Како главна причина за „воен поход“ и револуција во военотехнолошките достигнувања, се однесува на настаните од 11 септември во 2001 година. Оттука и започнува трансформацијата на военобезбедносните структури и институции, промена на националните и военитеодбранбени доктрини, начинот на војување и изведување на воени операции. Овие терористички напади доведоа до апсолутна доминација на средствата на „тврда моќ“ во глобалните превирања. Тврдата моќ е воената моќ на државата за остварување на своите цели. Спротивно на тврдата моќ е меката моќ. Таа претставува влијание, убедување и привлекување што би довело до соработка од страна на другите и остварување на некоја цел. Меѓутоа, во современите текови „меката моќ“ зазема се поголема улога во меѓународните односи. Тоа се должи на тоа што „меката моќ“ има индиректно влијание како што би значело дека со нејзина употреба може да се постигне одредена цел без при тоа да се потрошат големи финансиски средства и човечки жртви. Комбинацијата на овие два вида на моќ,(тврдата и меката), создава трет вид на моќ, таканаречена „паметна моќ“.

Меѓу другото, геополитичките промени доведоа до нова несигурност и предизвици поради промената на силите и дисбалансот помеѓу клучните актери. Тешко може да се каже и да се зборува за фиксни и јасни курсеви во меѓународните односи. Ниту пак постојат шеми на меѓународниот поредок според кој актерите сигурно ќе можат да го најдат своето место „под сонцето“. По претпоставка за безбедноста како мотив на државата, и од теза на анархична структура на меѓународната политика се донесува заклучок во однос на законитоста на рамнотежата на силите. Политичката рамнотежа на силата ќе преовладува секогаш кога ќе бидат исполнети два услови а тоа се : поредокот да е анархичен и да го создаваат единки кои имаат желба да 5 опстанат т.е. услов за рамнотежа на силите е тоа две или повеќе држави да коегзистираат во систем за самопомош.