|
Влијанието на организационата поставеност и функционирање на воените разнузнувања на земјите членки на НАТО за успешно водење на борба против тероризмот
164 страни, пдф
Download
Back
|
Влијанието на организационата поставеност и функционирање на воените разнузнувања на земјите членки на НАТО за успешно водење на борба против тероризмот
Издавач: Нурхан ИсманиСејдини
Обем: 164 страни, пдф
Опис:
Извадок од книгата The Art of War ( Уметност на војувањето) од Сун Цу , „Toa што му овозможува на паметен владател и добар генерал да нападне и освои, да достигне каде што обичниот човек не може, е пред - знаењето. Ова пред - знаење неможе да се стекне со искуство ниту преку дедуктивната калкулација на една личност. Одбраната и подготвеноста на еден владател и неговата војска може да се добие само од луѓето. Овие луѓе се наречени шпиуни.
Од времето на овој голем мислител и воен стратег работите во светот се видно сменети, но начинот на собирање на информациите во глобални рамки останува ист, единственто нешто што е сменето е технологијата и нејзината употреба за собирање и обработка на информациите.
Военото разузнување или MI (Military intelligence ) е дисциплина фокусирана на собирање, анализа, заштита и дисеминација на информациите било на стратешко ниво (планирање на национална стратегија), оперативно (операции од голем домет со цел да се оневозможат воените капацитети на противник) или тактичко( помали операции до средни на бојното поле) ниво, новото ниво или сеопфатното разузнување е делот кој што се занимава со сите останати промени за време на собирањето на информации, како промена во однос на терористички напади, можност од одреден вид на закана, пополнување на непознати информации или информации за кои што не може да се дојде со останатите нивоа на разузнување. Овде се вклучени информации за непријателот, теренот,временската прогноза во зоната на операции или зоната на интерес, воедно и информации за воено-политички одлуки, воени намери или дисиденти. Разузнувачките активности се извршуваат како за време на војна така и за време на мир.
Како што државите стануваат се поорганизирани, така и самата војска и нејзините разузнувачки системи, се развиваат во комплексни и мулти-таскинг организации од денешницата. Технолошките достигнувања како што се радиото допринесоа до развој во области како што е криптографијата, како и до многи поразвиени технологии за пресретнување и декриптографија на пораките. Военото разузнување има создадено многу нови и светски технологии. Познато е дека првата светска компјутерска мрежа не е деншниот интернет, тука мрежа на компјутери поврзани со станици за набљудување и прислушкување.