ЕВРОПСКА УНИЈА: ПРАВО И ПОЛИТИКИ
Издавач: Фондација Конрад Аденауер во Република Северна Македонија Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје -Степаноска
Обем: 463 страни, пдф
Опис:
Европската интеграција како феномен може да се проучува од повеќе аспекти. Прво, како форма на меѓународна организација каде што одлуките се донесуваат со приближување на интересите на државите членки; второ, како регионална економска соработка, чијшто примарен интерес е формирање заеднички пазар и слободна трговска зона; и трето, како уникатен систем на креирање и спроведување на политиките каде што се вклучени голем број актери и различни влијанија. Овој процес којшто резултура со создавање Европски заедници (ЕЗ) и Европската Унија (ЕУ) сè уште претставува ненадминат проект за политичко и економско интегрирање, дури и повеќе од половина век од неговите зачетоци.