Различни, а еднакви
Publisher: Македонски центар за меѓународна соработка-МЦМС, Македонија
Date: 2007
Volume: 44 pages, pdf
Description
Шестиот НВО Саем – Форум на граѓанското општество во Македонија се одржа од 16 до 17 ноември 2007 година на Скопскиот саем. Мотото на НВО Саемот оваа година беше „Различни, а еднакви“, што ја одразуваше фокус-темата – еднакви можности за сите. Фокус-земјата за овогодинешниот НВО Саем беше Република Бугарија. Вкупно 130 граѓански организации, цркви и верски заедници, владини и меѓувладини организации ги презентираа своите резултати, но и своите планови за идниот период. Во двата дена на Саемот тие имаа можност да ги продлабочат контактите, да остварат нови, да поразговараат за проблемите, но и за вредностите на кои се потпира граѓанскиот сектор.