Граѓански практики-Број 10
Publisher: Македонски центар за меѓународна соработка-МЦМС, Македонија
Volume: 37 pages, pdf
Description
Новиот број на Граѓански практики, десетти според нашата евиденција во целост е посветен на европските интеграции односно на “Придонесот на граѓанските организации на патот кон евроинтеграциите”.
Имајќи ја предвид се поголемата упатеност на граѓанските организации и на другите сегменти од општеството на европските интеграции, оваа се поактуелна тема не можеше, а да не биде дел од Граѓанските практики. На страниците на овој број ќе имате можност да ги прочитате размислувањата на четворица автори. Ќе имате можност да ги видите перспективите што за младинските организации се отвараат во процесот на европриближувањето, во делот на финансирањето но и во целокупното јакнење на нивните капацитети.