Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

ГРАЃАНСКИ ПРАКТИКИ-БРОЈ 12

w

Граѓански практики-Број 12

100 pages, pdf
 Превземи Назад

 


Граѓански практики-Број 12


Publisher: Македонски центар за меѓународна соработка-МЦМС, Македонија

Volume: 100 pages, pdf


Description

Ова 12-то издание на Граѓански практики е посветено на граѓанскиот ангажман. Вкупно осум автори истражуваа пет теми поврзани со граѓанскиот ангажман. На страниците на ова издание ќе можете да прочитате за учеството на граѓаните во политичките непартиски активности низ актуелни примери, како што се протестите против промена на уставното име, протестите и петициите околу проектот Скопје 2014. Социјалните медиуми се предмет на интерес во два од приказите. Како се употребуваат од страна на граѓанските организации, какви пораки се испраќаат преку нив, постои ли интеракција? Мобилизирањето на граѓаните преку социјалните мрежи се разработува низ примерот на граѓанската иницијатива „Плоштад Слобода“. Последните два прикази се однесуваат на волонтерството: Каква е сегашната состојба на развојот на волонтерството, посебно по донесувањето на Законот за волонтерство? Кој е општиот профил на лицата кои волонтираат во социјалните и хуманитарните организации? Кои се главните мотиви кои ги поттикнуваат луѓето да се ангажираат во волонтерски активности?