Јавни набавки
Publisher: Македонски центар за меѓународна соработка-МЦМС, Македонија
Date: 2011
Volume: 116 pages, pdf
Description
Јавните набавки се тема што го привлекува вниманието на целокупната јавност од почетокот на новиот милениум, поради фактот што голем процент од националниот буџет отпаѓа токму на постапките преку кои државата купува стоки, работи и услуги. Темата добива исклучително значење поради фактот што таа е една од важните области за усогласувањето со правото на Европската унија, бидејќи перспективата е создавање на единствен пазар.
Во Република Македонија, јавните набавки се воведоа во почетокот на периодот на транзицијата, во деведесеттите години на минатиот век, а со основањето на националната институција за јавни набавки, во 2005 година, се потврди желбата за координирано поставување и востановување на добрата деловна пракса во системот, што е основа за понатамошен развој и унапредување.