|
Невладиниот сектор како етички коректив на општеството или за механизмите на етичкото дејствување на невладините организации
180 pages, pdf
Превземи
Назад
|
Невладиниот сектор како етички коректив на општеството
или за механизмите на етичкото дејствување на невладините организации
Publisher: Македонски центар за меѓународна соработка-МЦМС, Македонија
Date: 2008
Volume: 180 pages, pdf
Description
Она што ни го донесе крајот на претходниот милениум-распаѓање на одредени идеолошки системи и економии втемелени во нив, на почетокот на овој не воведе во една сосема нова епоха, која, за жал, се уште ги влече неразрешените состојби од претходниот век. Денес на сите полиња имаме голем напредок, особено техничко-технолошки. Таа е пред се ера на науката, ера на информацијата, постиндустриска ера и ера на глобализација која не води сметка за вредносното етичко наследство. Како последица од ова, живееме во епоха во која се отворија многу комплексни проблеми на човековата опстојба кои бараат итно разрешување на нов етички втемелен начин. Станува збор за низа несакани последици во развојот, од човековото невнимателно дејствување, од негрижливиот однос кон се што постои. Така современата цивилизација, и покрај технолошко-техничките достигања речиси на сите полиња, сепак се наоѓа во криза.