Нов јавен менџмент
Publisher: Македонски центар за меѓународна соработка-МЦМС, Македонија
Date: 2006
Volume: 285 pages, pdf
Description
Одкога постои организиран облик на општествено живеење-држава, постои и државен апарат (управа, администрација). Тој државен апарат, поточно државна администрација или управа ја сочинуваат луѓе на одредени места со одредени права, задолженија и одговорности. Всушност тоа се луѓето кои во името на државата ги вршат државните работи, во случајот управно-административните работи. Овие работи не секојпат се извршуваат квалитетно (ефикасно и ефективно). Затоа, уште од минатото, сега, па и во иднина, постоеле, постојат и ќе постојат желби и стремежи за унапредување на односите помеѓу граѓаните како корисници на државните услуги, од една страна, и државниот, поточно управниот апарат, давателот на државните услуги од друга страна.