|
Охридски рамковен договор-Интервјуа
114 pages, pdf
Превземи
Назад
|
Охридски рамковен договор-Интервјуа
Publisher: Македонски центар за меѓународна соработка-МЦМС, Македонија
Date: 2011
Volume: 114 pages, pdf
Description
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во функција на остварување на својата визија за мир, хармонија и просперитет во Македонија, а воден од мисијата за нови и иновативни решенија за општествените проблеми, постојано ги следи и анализира состојбите во општеството и предлага решенија за нивно подобрување. Во пресрет на десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД), со кој се воведоа промени во политичкото уредување на Македонија, МЦМС спроведе сеопфатно истражување за спроведувањето и постигнувањата на ОРД, како и на ефектите и влијанието што тие ги имаа(т) за граѓаните на Македонија, општеството и државата.
Истражувањето за Охридскиот рамковен договор се состои од повеќе фази, примена на различни методологии и резултира со неколку посебни и еден главен извештај. Тоа трае повеќе од една година, а се спроведува од повеќечлен истражувачки тим, во консултации со советодавен комитет составен од различни државни, граѓански и академски чинители.