Skip Navigation LinksCSL home > Library > Document

ВОДИЧ ЗА ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТ...

w

Водич за привремени мерки за заштита од семејно насилство

17 pages, pdf
 Превземи Назад


Водич за привремени мерки за заштита од семејно насилство


Publisher: Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Македонија

Date: 2014

Volume: 17 pages, pdf


Description

Семејното насилство претставува сериозен општествен проблем кој загрижува со својата застапеност во нашето општество. Секоја втора жена во државата е жртва на психолошко насилство, секоја петта жена се соочува со одредена форма на физичко насилство, додека сексуалното насилство помеѓу двајца партнери сè уште е тема за која ретко се разговара во нашето опкружување. Значајно е да се знае дека основна причина за појавата на семејно насилство е прифатеноста на патријархалните вредности и подредената улога на жената во однос на мажот во бракот и семејството. Состојбата е поалармантна имајќи предвид дека станува збор за насилство што се случува зад затворени врати, во нашите домови, каде што вообичаено треба да се чувствуваме сигурно и безбедно.