ХИВ и сексуалните односи
Publisher: Health and Education Research Association – HERA, Macedonia
Date: 96
Volume: 110 pages, pdf
Description
Оваа брошура претставува увод во сексуалното здравје за луѓето со ХИВ. Нејзиниот прв дел се осврнува на сексуалното здравје од поширока перспектива и објаснува зошто живеењето со ХИВ не мора да ве спречи да имате сексуални односи и да уживате во нив. Брошурата ги опишува начините на кои живеењето со ХИВ може да влијае на вашите чувства во врска со сексуалните односи, и посочува начини за справување со проблеми или грижи што може да ги доживеете.
Вториот дел објаснува зошто доброто физичко сексуално здравје е важно за лицата што живеат со ХИВ, и ги посочува чекорите што може да ги преземете за да го заштитите сопственото здравје како и здравјето на други луѓе. Исто така, овде се поместени информации за влијанието на терапијата за ХИВ врз ризикот да го пренесете ХИВ на друго лице. Третиот дел дава информации за конкретни сексуално преносливи инфекции.