Младински Центри „Сакам да знам“
Publisher: Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА
Date: 2013
Volume: 48 pages, pdf
Description
ХИВ е вирус поразличен од останатите, бидејќи го напаѓа одбранбениот (имунолошкиот) систем на човекот. Имунолошкиот систем, вообичаено, се бори и се справува со останатите микроорганизми, но ХИВ навлегува токму во клетките на човековиот одбранбен систем, се размножува во нив, и притоа ги уништува. Како резултат на тоа, во одреден временски период, кој може да биде пократок или подолг, без притоа да има видливи симптоми, човековиот имунитет постепено ослабува, односно велиме дека се јавува недостаток (дефицит) на имунитетот (односно „имунодефициенција“).