Семејно планирање
Publisher: Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА
Date: 2014
Volume: 300 pages, pdf
Description
Прирачников е напишан за обука на здравствени работници (матични доктори, специјалисти по семејна медицина, гинеколози и медицински/патронажни сестри) од примарното здравство со цел да се унапредат здравствените услуги за семејно планирање.
Со овој прирачник на тренерите за семејно планирање им се нуди модел на дводневна обука со цел да им се олеснат активностите поврзани со обуката. На крајот на работилницата, учесниците ќе се здобијат со поголеми знаења за технологијата на контрацептивните методи, јавно-здравствените аспекти на семејното планирање и основите на системот за логистика, но ќе се здобијат и со неопходните вештини и етичките аспекти при советување во контекст на семејното планирање.