Во 2009 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации ја прогласи 2012 година за Меѓународна година на Обединети Нации за Задругите. Во денешно време во втората половина од 2012, после пет години на финансиска турбуленција, поразвиените економии на светот останаа во фаза на криза од која се уште нема очигледен излез и економиите во развој се попречени во остварувањето на Милениумските Развојни Цели. Во многу нации владите се во фаза на повлекување, намалувајќи ги нивните социјални и јавни трошења, оставајќи ги граѓаните уште поранливи во време на економските превирања.