Овој извештај има за цел да даде информација за остварувањето на заштитната функција на институциите надлежни за заштита од дискриминација, особено КЗД и Народниот правобранител, преку презентација на начинот на кој е постапувано во однос на претставките што членките на МЗД ги доставија до овие институции во изминатата година, но и во претходните три години. Извештајот особено се фокусира на работењето на КЗД, поради тоа што најголемиот број на претставки МЗД ги има поднесено токму до оваа институција. И покрај краткиот период во кои функционира КЗД веќе постојат голем број извештаи1 што се занимаваат со прашањето на ефикасното работење на Комисијата.