Следното истражување во заедницата има за цел да обезбеди опис и темелна анализа на различните родови и сексуални идентитети, сексуално однесување и практики, како и сексуални здравствени потреби на мажите кои имаат секс со мажи во различни социо-културни средини во Македонија. Истражувајќи ја комплексноста на секоја од темите и различните области на проблеми зацртани во истражувачките цели, основната мотивација беше да се обезбеди контекстуално сензитивен и аналитички преглед, како и основни податоци кои можат да се употребуваат за креирање на идни програмски интервенции од главните актери одговорни за превенција на ХИВ меѓу МСМ, позитивна превенција кај лицата кои живеат со ХИВ, како и превенција на ХИВ воопшто.