Анализа на Спроведувањето на Законот за Донации и Спонзорства во Јавните Дејности 2007-2011
Publisher: Konekt, Macedonia
Date: March 2012
Volume: 160 pages, pdf
Description
Оваа публикација има за цел да даде осврт на досегашното искуство од примената на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности во РМ. Таа е наменета да послужи како почетна студија и се очекува да биде ползувана од страна на институциите и другите засегнати страни во претстојниот процес на ревизија на законот. Дополнително, анализата ќе биде користена од Конект и ЕЦНЛ во процесот на консултации со засегнатите страни во процесите на подобрување на законската рамка за донации и спонзорства. Покрај конкретниот преглед на постоечкиот Закон, анализата вклучува поширок осврт и препораки во однос на прашањето на даночниот третман на донациите и спонзорствата кои можат да се користат и во идните анализи и ревизии на законската регулатива поврзана со ова прашање. Тематски, анализата се стреми на јасен начин да ги прикаже примената на Законот и неговото влијание поради што е соодветна за користење од страна на пошироката публика. Конект и Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) им стојат на располагање за поддршка на сите читатели во понатамошно осознавање на оваа проблематика.