Известувањето за ООП–– стандарди, практики во ЕУ , и можности и предизвици и во Република Македонија
Publisher: Konekt (Macedonia)
Date: 2012
Volume: 54 pages, pdf
Description
Oваа студија има за цел на едно место да понуди актуелни согледувања, ставови и трендови за сегашната состојба со известувањето во ЕУ низ призма на практиките, регулаторните пристапи и плановите за иднината, изразени во стратегиските документи на унијата. Студијата треба да ѝ помогне на нашата јавност попрецизно да ги идентификува приоритетите и мерките со кои ќе обезбеди погодна клима за поинтензивен раст на бројот на изготвени и поднесени извештаи за ООП и одржливост. Придобивките од таквиот пристап за сите засегнати страни на долг рок треба да станат видливи, со што ќе се обезбеди клучниот принцип: претпријатијата да не изготвуваат извештаи затоа што е тоа законска обврска или на помалку формален начин наметната должност, туку самите да бидат свесни дека изготвувањето и поднесувањето извештаи од ова поле за нив носи поголема одржливост на бизнисот и во крајна линија, стабилен профит.